За играта
Дали некогаш сте сакале да бидете дел од „трката“ за водење на државата? Дали го разбирате начинот на водење на изборна кампања, добивање на гласови и мнозинство пратеници во Собранието? Како всушност функционира изборниот систем на Република Северна Македонија?

„Изборологија“ е прва он-лајн друштвена игра за политичка едукација во нашата земја. Преку играта имате можност поблиску да се запознаете со политичкиот систем, да разберете како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори.

Преку носење на стратешки одлуки, спроведување на мерки, активности и остварување на коалиции, играта овозможува да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествувате во парламентарните избори во нашата земја.

ИГРАЈ ОДГОВОРНО, ГЛАСАЈ ИНФОРМИРАНО
Контакт за техничка поддршка
Политика за приватност