КАКОВ Е ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ НА РСМ?

Политичкиот систем на Република Северна Македонија e либерално-демократски, со парламентарната демократија како главен облик.

Тоа значи дека централното тело во нашиот систем е Собранието, кое се избира директно и непосредно од сите граѓани со право на глас. Собранието на РСМ брои 120 пратеници кои се избираат во 6 изборни единици и тоа според Донтовиот модел.

Собранието е носител на законодавната власт и поседува широки надлежности, меѓу кои е и да ја избере Владата на Северна Македонија со мнозинство (51%) од вкупниот број на гласови.

ШТО СЕ ИЗБОРИ?


Изборите се процес на избор на власт која треба да ја претставува волјата на избраните и да ја води земјата во наредниот период. Изборите во Република Северна Македонија според Уставот се одржуваат на секои 4 години, освен во случаи доколку Собранието не одлучи спротивно. Првите демократски избори во Република Македонија се одржаа во 1990 година, а досега се имаат одржано вкупно 10 парламентарни избори.

КАКО СЕ ОДРЖУВААТ ИЗБОРИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?


ПО КОЈ МОДЕЛ СЕ ОДРЖУВААТ ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ?


Република Северна Македонија го користи Донтовиот модел на избор на пратеници, кој во суштина е пропоционален модел на избор. Овој метод за првпат бил користен во 1899 година во Белгија и е именуван според белгискиот математичар Виктор Донт. Овој модел се употребува во над 40 земји од целиот свет.

Моделот е пропорционален, бидејќи гласовите кои ќе ги добијат партиите се претвораат во мандати според калкулирана математичка формула која функционира на следниот начин:

Секоја изборна единица во нашата земја има по 20 мандати, односно 20 пратеници кои треба да се изберат.

Ако на изборите учествуваат четири партии со свои листи, X, Y, Z и W, се борат за 10 мандати вкупно и добиле на пример: X = 110.000 гласа, листата Y = 80.000 гласа, листата Z = 45.000 гласови, а листата W=30.000 гласови, бројот на гласовите на секоја партија се дели со 1, со 2, со 3… се до 10.

Како што може да се забележи, Донтовиот модел не дава чиста пропорционалност на гласовите и најчесто партиите со најмногу гласови се фаворизирани.

КОЈ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА?


Според уставот на Република Северна Македонија Владата ја формираат партијата или партиите кои имаат обезбедено мнозинство од вкупниот број на пратениците во Собранието. Мандатот за формирање на Влада го дава Претседателот на републиката и тоа во рок од 30 дена од одржување на изборите.

Најчесто мандатот се доверува на партијата која има освоено најголем број на пратеници на изборите, а доколку истата нема или не може да обезбеди мнозинство мандатот преминува на партијата или партиите кои можат да обезбедат мнозинство

ДОПОЛНИТЕЛНИ КОРИСНИ ЛИНКОВИ


Изборна архива со информации од сите досегашните избори спроведени во Северна Македонија почнувајќи од 1990 година –www.izbornaarhiva.mk
Собрание на Република Северна Македонија -https://sobranie.mk/
Влада на Република Северна Македонија -https://vlada.mk/